Возевме – Renault 5 E-Tech Iconic

Модерната реинтерпретација на иконскиот модел од 1970-тите успешно ја спојува секојдневната употребливост со релативно долг дострел, забавен карактер на возење и огромна доза на ретро шарм. Кога велот го откри Renault 5 Prototype во 2021 година, француската компанија не можеше ни да предвиди колку добро ќе биде прифатен ретро дизајнот. За да се извлече максимумот […]
Возевме – Hyundai Tucson 1,6 T-GDI Hybrid

Едноставно, ефикасно ажурирање е сè што понекогаш му треба на некој модел. Тоа Hyundai го направи на Tucson и покажа дека малите доработки проткаени со нова технологија и засилен ентериер помагаат да се остане во чекор со другите бестселери во сегментот на компактни кросовери. И еве го, обновениот Hyundai Tucson пред мене, подготвен да ми […]
Возевме : Opel Mokka GS 1.2 Turbo 130 AT8

Неодамнешниот фејслифт ја зголеми привлечноста на Mokka додавајќи ѝ нов стил, ажуриран инфозабавен систем и различни нивоа на опрема. На возење ја имавме верзијата со 1,2 литрен турбо-бензинец со осум степен автоматик во високото ниво на опременост GS. Opel Mokka беше еден од првите модели што на купувачите им понуди избор помеѓу традиционален бензински мотор, […]
Возевме – Citroen C3 Aircross PureTech 100 Plus

Втората генерација на C3 Aircross ги има сите предуслови да биде повеќе од претходникот. Новата генерација на Citroen C3 Aircross, иако е интерпретација на темата наречена Stellantis платформа, која ја користат повеќе модели на групацијата, „Двојниот шеврон“ успеа да даде препознатлив стилски печат што кросоверот го прави логичен избор за семејните потреби за просторност, добар […]
Возевме – BMW X3 20d M Sport

BMW е еден од производителите што во голема мерка се придржува до својата традиција. Иако Баварците на големо работат на комплетна гама БЕВ, во својата понуда им даваат полноправно место на погоните со согорување. Со додавање на благ хибриден систем го продолжуваат животниот век на „цилиндрашите“, но и нивната ефективност. Во тоа целосно не увери […]
Возевме – Volvo XC90 T8 AWD Ultra Dark

Ако некој своите модели ги прави тркачи на долги стази, тоа е несомнено Volvo. XC90 е модел во понуда од 2002-та година, а пред единаесет години на пазарот дојде неговата втора генерација. Таа доживеа второ рестилизирање, овој пат суптилно и сосема доволно да го издржи притисокот на пазарот уште неколку години. Малите зафати на светлосните […]
Возевме – Opel Grandland 1,2 MHEV 6e-DTC GS

Opel Grandland во својата нова генерација доби ревизија на благиот хибриден систем. На прв поглед ништо спектакуларно, но извозените 480 километри со него покажаа дека подобрувањата се значајни. Покрај стегнатиот изглед на предницата благодарение на Vizor маската, освежен е задниот дел, на кого интервенцијата со воведувањето на светлосен испис на марката внесе силна емотивна нота. […]
Возевме : BMW 220 Gran Coupé M Sport

Серија 2 Gran Coupé е најмалото од купеата со четири врати на BMW. За разлика од останатите, Серија 4 Gran Coupé, Серија 8 Gran Coupé и BMW i4, нема многу директни конкуренти. Тој факт не го опушти таборот од Минхен кој му вдахна карактер со право да го носи името и бескомпромисни манири кои се […]
Возевме – Alfa Romeo Junior Ibrida Speciale

Alfa Romeo поминува низ транзиција во која сите нејзини традиционални поклоници, но и оние новите, суптилно се усмеруваат кон електричниот погон. Времето во кое царуваа V6 моторите со многу коњи остана во категоријата носталгија. Најновиот модел на миланезите не доаѓа од Милано, како впрочем требаше да се нарекува. Тоа е модел кој ја дели малата […]
Тест – Ford Kuga Hybrid AWD

Во своето освежено издание на третата генерација Ford Kuga покажува потполна зрелост. Верзијата со 2,5 литрен бензинец впарена со самонапојувачки хибрид се покажа како извонредно шармантна по прашање на изгледот, возните својства и економичноста. Она што мене ме изненади е култивираното и избалансирано однесување на CVT менувачот, тип на менувач што кај јапонските ривали работењето […]