BMW е еден од производителите што во голема мерка се придржува до својата традиција. Иако Баварците на големо работат на комплетна гама БЕВ, во својата понуда им даваат полноправно место на погоните со согорување.
Со додавање на благ хибриден систем го продолжуваат животниот век на „цилиндрашите“, но и нивната ефективност.
Во тоа целосно не увери возениот Х3 со турбо-дизел мотор. Можеби многумина посветени на светлата чисто електрична иднина оваа констатација нема да им се допадне и ќе наиде на осуда.
Сепак, за воља на вистината, неможе да се замижи пред одличната агилност, извонредната економичност и чувството дека се наожате можеби во најрафинираната верзија на возило од „старото школо“.
Во изминатите 650 километри со BMW X3 20d, потпомогнат од 48 волтен стартер генератор истрошив просечни, верувале или не, 6,3 литри нафта,
а при тоа во ниту еден момент не беа доведени во прашање динамиката и агилноста во возењето. Во следното видео се сублимирани импресиите од возењето


