Возевме – Opel Grandland 1,2 MHEV 6e-DTC GS

Opel Grandland во својата нова генерација доби ревизија на благиот хибриден систем. На прв поглед ништо спектакуларно, но извозените 480 километри со него покажаа дека подобрувањата се значајни.

Покрај стегнатиот изглед на предницата благодарение на Vizor маската, освежен е задниот дел, на кого интервенцијата со воведувањето на светлосен испис на марката внесе силна емотивна нота. Внатрешноста остана комотна, ергономска и удобна.

Многу подобар впечаток остава благиот хибриден погон кој е засилен на 145 КС кои му дадоа подобри перформанси, меѓузабрзувања и влеваат многу голема доза на самоувереност на возачот. Со новиот шест степен автоматски менувач постигнат е вистинскиот баланс помеѓу силата, преносот и динамичките својства.

Калибрацијата на работењето на хибридниот систем е доведена на повисоко ниво и тоа значајно се чувствува во возењето. Opel Grandland нема да ве направи викенд тркач. Напротив, тој ќе ви овозможи долги и комотни патувања со изразена доза на удобност и изненадувачко држење во свиоците. Во видеото следат многу повеќе импресии од нашето возење.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER