Електричен, автономен, конективен (со видео)
Volvo Trucks не престанува истовремено да фасцинира и провоцира
Објавено на 18 јуни 2019 година
Најновиот концепт на кој Volvo работеше скоро во целосна тајност е автономен камион со доста невообичаен дизајн и име Vera. Тој нема кабина, а со тоа и можност да го вози некој друг освен електрониката. Опишувањето на нивната творба ќе го изоставиме – снимките доволно кажуваат сами за себе. Освен што е автономен, овој концепт е и електричен. Ќе ги користи истите технологии од електричните верзии на FE и FL, што значи дека ќе има автономија од околу 300 километри со едно полнење. Максималната моќност на електромоторите кои сé уште се во фаза на развој е декларирана на 185 kW. Тие се доволни да влече стандардна приколка натоварена со 32 тони. Една од позитивните страни на овој камион без кабина е што ваквата конструкција значително ја намалува неговата тежина и ја зголемува носивоста. Швеѓаните сметаат дека Vera најдобро може да послужи за транспорт на места како што се пристаништа, фабрики или големи логистички центри. Таму Vera само со помош на сензорите и радарите точно ќе знае каде е и што се случува околу него и максимално безбедно ќе може самостојно да се движи.
Видео