Toyota најавува нов хибриден систем

Toyota најави дека подготвува идна генерација хибридни погонски склопови, наменети за целосно нова модуларна платформа која ќе подржува класични хибриди, плаг-ин и електрични автомобили.

Јапонскиот производител ја продолжува стратегијата за прилагодување кон барањата на различни региони и купувачи. Основниот акцент е ставен на компактноста, со употреба на помали електромотори, управувачки единици и инвертери, со што на инженерите им се остава повеќе слобода при конструирањето на идните модели. Еден од најважните потези е целосно новиот четирицилиндричен бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри кој ќе биде понуден во атмосферски и турбо верзии.

Направен е да биде што е можно понизок што овозможува спуштање на предниот дел на возилото и поелегантни пропорции со аеродинамична силуета. Се проценува дека ефикасноста на новите технологии ќе биде подобрена за 15 отсто. Истовремено е објавена и веста дека Toyota планира своите погонски склопови да им ги продава на други производители од што се очекуваат годишни приходи од 1,5 милијарди евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER