McL 820 – Следниот суперавтомобил на McLaren

Најавеното пензионирање на LP 750, подразбира нов модел, посилен и поатрактивен! Неодамна направеното ребрендирање е само почеток на новиот пожар на страст и сила кого го распламтува MсLaren. Следната година пристигнува новото изненадување од марката која новозеландскиот возач и инжењер Брус Мекларен ја осниваше во Англија во 1963-та година. Познат по своето тркачко наследство во најпрестижните […]
FIAT Multiplina – Иднината на микромобилноста

Multiplina црпи инспирација од еден од најмултинаменските автомобили во историјата на марката, FIAT 600 Multipla Во текот на своето постоење FIAT многу пати докажал дека е владетел на класата на мали автомобили. Сега покажува дека таа позиција сака уште долго да ја задржи. Со инспирација од моделот Multipla од 1956-та која беше проектирана за шест […]
Париз – Peugeot E-T16 Concept

Електричен омаж на автомобилите од рели Групата Б! Концептот E-T16, е електрично „чудовиште“ што му оддава почит на легендарниот рели-автомобил Peugeot 205 T16. Возилото, како што вели производителот, достигнува брзина од 300 км/ч за само 16 секунди, поседува три електромотори и изгледа како да излегло од некој луд сон инспириран од ерата на Групата Б. […]
BMW iX4 – Третиот член на Neue Klasse

BMW го најавува iX4 за март 2027 година и ќе се произведува заедно со iX3 во фабриката во Дебрецен, Унгарија. Со забрзано темпо BMW ита кон зголемување на понудата на електрични возила. Иако беше најавен iX5, судејќи според редоследот, за него ќе почекаме уште малку. Редот му го зема помалиот по номенклатура и димензии iX4. Кога […]
Renault 8 Gordini

Продолжувајќи да ја истражува сопствената историја Renault подготви изненадување кое никој не го очекуваше… Kонцепт наречен 8 Gordini е модерна интерпретација на легендарната мала семејна и пристапна лимузина која имаше сериозен спортски карактер. Ретко кој ја памети бидејќи е во пензија веќе половина век но сигурни сме дека на сите ќе им се допадне. И […]
Acura Nexera Vision – Манифест за иднината

Со впечатливата студија премиум марката на Honda го покажува идниот дизајнерски јазик на брендот По повод обележувањето на своето 40 годишно постоење Acura го презентира смерот на дизајн што ќе биде аплициран во идните модели. Во фокусот е нагласување на перформансите низ строго дисциплинирани пропорции, скулптурални форми и интеграција на напредните технологии преку што ќе […]
MG Gо – Стари емоции, нови амбиции

MG најавува возбудлив мал БЕВ кој воедно ќе биде и достапен Ретро стилот инспириран од успешните модели кои господареа во последните декади на минатиот век, задвижувани со електричен погон, стана задолжителен стил на „традиционалните производители“. Трендот го започнаа Renault E5, Mini Cooper E и Peugeot е-208 GTi. MG е британски бренд под владение на кинезите, […]
Jeep – Доаѓаат четири нови модели

Jeep е препознатлив по теренските возила. Тоа така ќе остане, но на повидок се нови модели. Моментално во Европа Јеер имаат само два модели, компактниот Avenger и поголемиот Compass, по отстранувањето од пунудата на Wrangler и Renegade поради „еколошките регулативи“ на ЕУ. Како што најавија од штабот на Јеер, оваа состојба ќе се промени до […]
BMW X5 – Пет врвни погони во еден модел

Новиот X5 го понесува дизајнот на Neue Klasse, но не ја дели неговата основа. Иако замаскирани, од прототипите кои се во завршна фаза на тестирања може да се наслути во која насока ќе се движи дизајнот на новиот Х5. Површините ќе бидат почисти, линиите поедноставни но ќе бидат задржани класичната силуета со висока маска, хоризонтално […]
BMW Concept M – Пристигнува електричниот M3

Базиран на Neue Klasse технологиите тој според сите параметри треба да биде достоен на бензинските браќа, па дури и да ги надмине. Веќе само поглед од неколку секунди го потврдува тоа. Изгледот е познат од лимузината но разликите се во деталите. А ги има многу – почнувајќи од жолтите светла инспирирани од GT тркачките автомобили […]