Најпродаваниот автомобил во Европа во последните две години за првпат добива целосен хибриден погон.
Моделите Sandero и Sandero Stepway со хибридниот систем Hybrid 155 добиваат поголема ефикасност, можност за возење на електричен погон во градски услови и удобнос на автоматски менувач, надополнувајќи ја нивната веќе позната комбинација од практичност и одлична вредност.
Самонапојувачкиот хибриден систем автоматски управува со бензинскиот и електричниот погон, секогаш започнувајќи во електричен режим и овозможувајќи до 80% од градското возење да се одвива исклучиво на електрична енергија. Исто така, се постигнува потрошувачка на гориво која е до 40% помала во споредба со еквивалентен бензински мотор. Хибридниот погон комбинира 1,8-литарски четирицилиндричен бензински мотор со два електромотори, еден за погон и еден високонапонски стартер-генератор заедно со батерија од 1,4 kWh
и електрифициран автоматски менувач без спојка со четири преноси за бензинскиот мотор и два за електричниот погон, автоматски избирајќи ја најсоодветната комбинација од бензинска и електрична енергија. Sandero и Sandero Stepway Hybrid забрзуваат од 0 до 100 км/ч за 8,3 секунди, додека моменталниот одзив на електричниот мотор овозможува непречено и лесно движење без разлика дали возите низ градскиот метеж или се упатувате кон подалечни дестинации.


