Škoda Octavia, видео претпремиера
Објавено на 5 ноември 2019 година
На само една недела пред претставувањето, Škoda објави видео во кое новата Octavia малку срамежливо но сепак јасно ги прикажува своите контури. Целокупниот дизајн како и стилските детали не се непознаница, бидејќи нешто порано чешкиот производител објави фотографии и снимки од маскиран прототип. Премиерата на новата Octavia е закажана за 11 ноември.
Видео


