BMW – Силен завет на дигитализацијата

Од 2018-та, кога го воведе безжичното ажурирање на софтверот, BMW има 16 милиони возила низ 88 држави што ја користат оваа функција

Во последните седум години секојдневно се подобруваат новите и подобрени функции, дигитални услуги и уште поудобно искуство при возење.

BMW нуди софтверски ажурирања кои овозможуваат дигиталните функции на возилото постојано да се унапредуваат, дури и по испораката на возилото. Ова овозможува безжично (over-the-air) ажурирање на софтверот на возилото, без потреба од посета на сервис. Следното големо ажурирање следува во декември 2026 година и ќе вклучува вкупно 24 функции кои значително го подобруваат искуството при возењето.

Новите можности опфаќаат системи за помош на возачот, навигација, полнење, инфозабава и удобност. Возилата опремени со оперативните системи BMW 8.5 и 9 ќе добијат девет од овие ажурирани функции. Процесот на инсталација обично трае само околу 20 минути.

Кај најновата генерација возила, корисниците можат едноставно рачно да го иницираат ажурирањето преку апликацијата My BMW или да изберат автоматска инсталација. По секое ажурирање, најважните функции се претставени на јасен и привлечен начин.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER