Британскиот MG беше познат по своите спортски автомобили кои одбележаа една епоха. Времињата се сменија, во компанијата влезе кинески капитал. Тоа значеше комплетна трансофмација и од спортски двоседи под значката на MG почнаа да доаѓаат кросовери.

На почеток имаше многу „хектери“, но со тек на времето кинескиот SAIC успеа да направи успешна прикаска од британскиот загубар. Денеска MG е една од најпродаваните марки на британскиот остров, а тој тренд се шири по целиот европски континент.

Новиот HS Hybrid+ е успешна прикаска која со својот хибриден погон нуди одлична солуција на преминот од мотори на согорување на потполно електричен погон. Динамичните својства, агилноста и економичноста се еден од атрибутите со кои трпеливо се пробива кон врвот на пазарот.

Дизајнот на екстериерот е смирен и модерен, додека во внатрешноста зачудува ергономијата која е зачудувачки предвидлива и приемчлива. Во поминатите повеќе од 500 километри јас се чуствував како дома. Секогаш ме набљудуваше будното око на електрониката која неумоливо ме опоменуваше за сеја неправилност што ја правам. Оваа опаска ќе ја разберат оние што се долго време во брак.

Сепак имав и малку простор да се „издувам“ и да сватам дека MG HS Hybrid+ е возило што е како скроено за нас, особено поради цената. За 34.900 евра на нашиот пазар неможе да најдете слично возило кое ви дава 7 години гаранција или 150.000 изминати километри, одлична економичност и богата опременост. Ова не е совршено возило. Затоа погледнете ги нашите импресии од возењето.

 

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER