Rolls-Royce направи табла за милионери

Инженерите на Rolls-Royce не можат да седат со скрстени раце – кога немаат што да развиваат креираат нешта кои никој не би ги очекувал од автомобилска компанија.

Најновото нивно дело е комплет за играње табла кој ги обединува врвното мајсторство и прецизноста карактеристични за возилата од оваа марка.

Идејата ја добија од еден нивни купувач од 1938-ма година кој посакал табла за играње интегрирана во задниот дел од кабината. За креирање ова своевидно уметничко дело им требаше повеќе од една година, период за кој морале и да научат како се игра за да го разберат значењето на секој детаљ – од тежината на фигурите до текстурата на подлогата.

Посебна атракција е патентираниот концепт на механизмот за отворање направен од масивно парче алуминиум, рачно полиран и елоксиран. Го краси прочуената Spirit of Ecstasy која благодарејќи на посебна конструкција секогаш е во исправена позиција.

Таблата е изработена од американски орев, а површината за игра креирана со комбинирање фурнир исто од орев со димен еукалиптус и примена на техниката на обработка која се користи во ентериерот на автомобилите.

Комплетот е облагороден со природна кожа со нијанси инспирирани од пустинските пејсажи на древна Месопотамија а фигурите за играње се направени од композитен материјал со додаток на боксит. Овој несекогашен спој на луксузот и забавата може да се нарача во продажните салони на Rolls-Royce.

Цената не е соопштена но се дознава дека се искачува до 40 илјади фунти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER