Ford SUV, па и електричен

Дали името Mustang ќе биде клучно?

Објавено на 25 октомври 2019 година

Ford се подготвува за лансирање на сосема нов модел, и тоа електричен SUV кој ќе го користи наследството на името Mustang. Јасно, со чистокрвното спортско купе ќе нема многу заедничко, но тоа воопшто не е битно. Битно е купувачите да го сфатат така, заради што Ford во овој период кога нема многу информации за неги индиректно ни сервира дека ќе биде инспириран од него и дека ќе има погон на задните тркала. Тоа што ова може да се смени до крајот на идната година кога се очекуваат првите вистински информации за новиот модел на Ford воопшто не е битно. Најважното е сепак дека марката сериозно се подготвува за влез и во електрифицираниот сегмент , од кој не многу оправдано беше отсутна последниве години. Според досега достапните информации таа тоа ќе го направи во голем стил, со помош токму на името Mustang. Сепак мора уште еднаш да напоменеме дека се работи за електричен SUV, кој би имал автономија од некои 480 километри. За да ја оправда поврзаноста со Mustang иницијалниот погон би му бил на задните тркала, а би постоела и опција за 4×4 погон. Дизајнот треба да му биде провокативен, а се најавува и можност за набавка на поголеми батерии. За овој модел Ford официјално има објавено некои видеа кои не кажуваат ништо, но ние сепак ќе ги споделиме со вас. Ќе споменеме и дека можно е неговата премиера да биде на претстојниот салон на автомобилите во Лос Анџелес.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER