Audi Q6 e-Tron quattro – Премиера во август

По две години одложување на пазарот ќе излезе првиот БЕВ целосно произведен во Инголштат Кога летните одмори ќе бидат во зенитот, во европските дилерски центри на Audi  ќе се појави Audi Q6 e-Tron quattro. Цели две години се чекаше на овој модел, пред сé поради  софтверските проблеми. Во овој временски период се смени и шефот […]

Hyundai Inster – Ќе ја нападне европа пред Божик

На меѓународниот салон на автомобили во Бусан Hyundai го претстави Inster Како што најави пред неколку месеци, Hyundai го искористи домашниот терен за претставување на новото БЕВ кое наскоро ќе дојде и во Европа. Inster е возило изработено во стил на кросовер, долго 3,80 метри и неговите корени допираат до моделот Casper кој се нуди […]

Renault Grand Koleos (видео)

Кинески SUV со француски гени наменет за Кореја Renault и Geely рака под рака цврсто зачекорија кон заедничката иднина – откако ја промовираа новата компанија за производство на мотори со внатрешно согорување сега ги споија силите и за настап на корејскиот пазар. Новиот модел наречен Renault Grand Koleos е двојник на Geely Xingyue L лансиран […]

Ford го најави електричниот Capri

Засега сé уште без официјална потврда дека навистина ќе се вика Capri, Ford најави нов електричен модел кој ќе претставува купе верзија на европскиот Explorer

Освежениот Kia Sorento – македонска премиера

Откако лани го доби своето редовно унапредување на средината на животниот век, сегашната четврта генерација на Kia Sorento претставена 2020-та година сега е на располагање и на македонските купувачи

Nio EL8 – Ново име за стариот континент

Нова недела, нов кинески модел на европскиот пазар На ред за лансирање дојде и интересниот Nio EL8 со кој перспективната компанија директно ќе го напаѓа BMW iX. Складно дизајнираниот кросовер доаѓа со две пакувања батерии кои му овозможуваат автономија од 390 односно 510 километри и два електромотора со вкупно 653 коњски  сили. Има алуминиумска структура […]