Париз 2024 – Citroen C4 и C4 X (фото-галерија)

Citroen ги модернизираше C4 и C4 X

Изложбениот простор на Citroen во Париз привлекуваше и со модернизираните C4 и C4 X кои се претставени со поедноставен и поскладен стил кој го изразува новиот идентитет на марката. Демонстрирајќи ја неговата динамиката, елегантниот C4 е подигнат на повисоко ниво додека пак атрактивниот C4 X со своето освежување го подобри својот пазарен потенцијал со кој привлекува сé повеќе возачи низ цела Европа но и на Блискиот исток.

Новите светла напред во комбинација со елегантната кросоверска каросерија изгледаат доста интересно, додека пак задните се доста помодерни. Не може да не се забележи ни новото лого, како и неговото отсуство назад каде е заменето со натписот Citroen. Внатрешноста е освежена со поголеми екрани пред возачот и за мултимедијалниот систем кој користи најнова верзија на софтвер со поддршка за ChatGPT и гласовни контроли. Под хаубата ќе се најде познатиот 1,2 литарски благо хибридно засилен мотор во две изданија кој испорачува 100 односно 136 KS, спарен со шестстепен автоматизиран менувач. Интересно е што во понудата останува и нехибридната варијанта која и понатаму ќе се нуди со 130 KS во комбинација со осумстепена автоматика. Привлечна алтернатива секако се електричните варијанти достапни со 136 и 156 KS и батерии од 50 односно 54 kWh.

Пионерот на микромобилноста Ami прослави четири успешни години во кои привлече 65 илјади купувачи. Неговиот настап беше своевиден саемски фестивал на кој дизајнерите на Citroen покажаа неколку изненадувања што ги имаа осмислено. Благо редизајниран, тој сега има изглед кој потсетува на Спачек, што ќе го направи уште поатрактивен за публиката. Техниката не доживеа никакви промени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER