Париз 2024 – Kia EV3 (фото-галерија)

За подостапна одржлива мобилност

Kia продолжи да ја шири својата линија електрични возила со помалиот EV3, кој од Париз тргна во освојување на европските купувачи. Компактниот кросовер со должина од 4,3 метри е замислен и изведен токму за овој пазар заради што од него доста се очекува. Стилски претставува благ футуристички напредок во однос на другите модели од електричното семејство на Kia, чија прилагодена архитектура му дава доста простор во функционалната внатрешност. Патниците ќе ги пречекаат три екрани, од кои најмалиот наменски е издвоен за контролирање на климатизацијата. Се среќаваат и низа физички копчиња за брз пристап до често користените контроли. ЕВ3 за разлика од другите има погонски предни тркала кои силата ја добиваат од електромотор со 204 коњи. Стандардните батерии обезбедуваат автономија од 410 а поголемите од повеќе од 600 километри, додека моќноста на полнење се искачува до 350 киловати.

Овој електричен автомобил се произведува во Кореја, а цената во Германија му стартува од 36 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER