Неочекуван изложувач во Париз
Сосема неочекуван како изложувач, кинескиот државен производител GAC на салонот на автомобилите во Париз ги лансираше своите европски амбиции. Заради тоа посетителите не можеа да го одминат новиот Aion V без да го свртат погледот кон него. Претставен пред некој месец како кросовер наменет токму за европскиот пазар, овој модел располага со скриени карактеристики за кои Кинезите не знаеја или не сакаат да кажат нешто поконкретно. Информациите главно се вртеа околу тоа дека тука се нови и имаат уште многу што да разберат за пазарот. Она што се знае е дека овој електричен кросовер ќе започне да се произведува следната година, можеби и во некој погон во Европа за да се избегнат давачките што е дел од долгорочната стратегија на компанијата.
Инаку, на GAC не му е прв пат да настапува во Париз. Компанијата која е петти по големина производител во Кина со лански пласман од околу 2,5 милиони возила беше присутна и пред шест години. За кросоверот Aion V од порано се знае дека располага со батерии доволни за 520 километри пат, кои за 15 минути ќе се наполнат со струја за поминување 255 километри.