Париз 2024 – Renault Twingo e-Tech (фото-галерија)

Twingo ќе ја комплетира електричната гама

Засенета од реинкарнацијата на легендарната четворка, премиерата на новиот Twingo засега сé уште во концептно издание неоправдано беше засенета на штандот на Renault. А малиот француски адут навистина имаше со што да го привлече вниманието, можеби најмногу со цената која се очекува да биде под 20 илјади евра. Донесувајќи свеж воздух во практично непостоечкиот сегмент мали европски електрични возила, Twingo кој ќе се произведува во Словенија на исклучителен начин ги комбинира иновациите со традицијата, посебно дизајнот. Развиен за градска употреба има јасна цел – да го олесни животот на урбаните луѓе што ќе го прави со должината од 3,75 метри и високата практичност на ентериерот. Техничките детали не се обелоденети, но има време за нив бидејќи како  сериски производ е планиран за 2026 година.

Малку подлабок поглед во иднината на Renault обезбеди концептот Embleme со погон на водород, додека срцата на носталгичарите заиграа пред рестомод ревијалното изданието на спортското купе Renault 17 оживеано од талентот на фамозниот дизајнер Ора Ито. Технологиите беа во фокусот и кај доставната програма претставувана од концептот Estafette кој веќе го видовме во Хановер и водородниот прототип на Master. За сé да биде комплетно се погрижија и новите хибридни изведби на Symbioz и Rafale.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER