Париз 2024 – Leapmotor (фото-галерија)

Втора рунда

Својот иновативен пристап на пазарот Stellantis го демонстрираше со партнерство со кинескиот Leapmotor кој тукушто започна да ги освојува европските пространства. Тоа го прави со електричниот кросовер C10 ориентиран кон семејните купувачи и урбаниот Т03 за кој гордо се тврди дека има внатрешност за класа поголема од сегментот на кој припаѓа.

Во втората рунда ќе им се придружи и целосно нов компактен кросовер кој својата светската премиера ја имаше во Париз. Означен како B10, овој желно очекуван модел е првиот заснован на новата платформа со која се означува значаен чекор во стратешкиот раст на Leapmotor донесувајќи ги напредните технологии до уште поширока публика.

Беше прикажан и поголемиот кросовер C16 кој светот го виде пролетва на салонот на автомобилите во Пекинг. Дизајниран е да понуди многу простор во кабината во која има три реда по две седишта, располага со високонапонска платформа од 800 волти која значително ја подобрува севкупната ефикасност на возилото и поддржува моќност за полнење до 180 киловати. Дизајнерски чистиот надворешен изглед и минималистички уредената внатрешност ги отсликуваат најсовремените трендови во автомобилската индустрија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER