Париз 2024 – Citroen C5 Aircross (фото-галерија)

Моќно и смело

Citroen моќно се претстави на своето домашно тло. Бројните новитети опфаќаа скоро целосно обновената постава на производителот посветен на обезбедување прифатлива електрична мобилност во клучниот сегмент во Европа. Затоа и не изненадува интересот за C3 и неговата Aircross варијанта кои јавноста за прв пат може да ги види. Хечбекот задвижуван на бензински или електричен мотор веќе започна да го освојува пазарот со својата пристапност за сечие размислување.  Неговиот модерен дизајн дополнет со удобноста и сестраноста се пресликани и кај C3 Aircross кој исто така може да се пофали со моќен карактер обезбеден од изборот на погонски склопови но и внатрешност за седум лица.

За подигнување на имиџот на поексклузивно ниво се погрижи концептот со кој визионерски се најавува идниот нов C5 Aircross. Верен на најновите стилски потези тој со својот енергичен и живописен настап впечатливо покажува изобилство самодоверба практично маѓепсувајќи ги погледите околу себе. Според изјавите серискиот модел кој треба да пристигне на пазарот идната  година ќе биде 95% идентичен на концептот, што ја покажува смелоста на марката да ги провоцира вкусовите на купувачите. Направен е на STLA Medium архитектурата и може да користи хибридни, бензински, дизел или електрични погонски групи. Освен должината од 4,65 метри што е за 15 сантиметри повеќе од сегашната генерација Citroen не објави други технички податоци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER