Renault 5 Turbo 3E – Враќање на легендата

Renault е доволно храбар да го воскресне R5 Turbo во електрично издание со повеќе од 500 КС! Со дизајн инспириран од оригиналниот R5 Turbo од 80-тите Renault ја претстави сериската верзија на концептот R5 Turbo 3E, кој ќе биде современ наследник на класичните R5 Turbo I и II и Clio V6. Ретро-футуристичкиот стил на дизајнот […]
DS №8 – фото галерија

Се враќа ли француската марка на своите исконски корени?
Mercedes PureSpeed – Првиот меѓу митовите

Премиерно претставувајќи го радикалниот AMG PureSpeed, Mercedes стартуваше со ексклузивната Mythos серија Бескомпромисниот отворен автомобил со две седишта ќе ја зоврие крвта на сите. Неодоливо потсетувајќи на дизајнот на легендарните тркачки модели на марката тој кажува дека нуди најдиректен начин да се вкусат перформансите и забавата зад воланот. Отсуството на покривот и ветробранското стакло ги […]
Peugeot Landtrek – Обновен изглед и нов дизел мотор

Иако во Европа е анонимен, пикапот Peugeot Landtrek добро котира на 40 пазари Својот прв пикап Peugeot го претстави пред пет години. Иако беше уште тогаш јасно дека е наменет за пазарите надвор од Европа, Landtrek успеа да се наметне со својот оптимистички став и доверлива механика. Сега дојде време за негово освежување. Најзначајната промена […]
Škoda Elroq – Модерно цврстиот дизајн на дело

Чесите докажаа дека ги разбираат желбите на европските клиенти. Со новиот кросовер сакаат да го „раздвижат“ пазарот на електрични возила. Предизвикот при конструирањето беше да се намали не само автомобилот, туку и цената. Elroq е помал брат на Enyaq и го карактеризираат две работи. Тој е првиот модел на Škoda кој го понесе новиот дизајнерски […]
Mahindra BE 6e & XEV 9e

Од Индија која како земја е четврти по големина производител на возила во светот доаѓаат бомбастични вести Mahindra претстави два нови електрични модела. Агресивно провокативни во секој поглед, дуетот кросовери е направен на нова интерно развиена платформа иако е сосема веројатно некои технологии да водат потекло од Volkswagen бидејќи двете компании на почетокот на годинава […]
Audi А6 e-Tron Sportback & Avant – Тандем од сништата

Турболенциите во продажбата на БЕВ не го ставија во двоумење Audi По малку нерамниот почеток на електромобилноста, компанијата од Инголштад прави сигурни чекори со своите модели. А6 e-Tron е стилски и динамичен одговор на барањата и потребите на електромобилноста во високата средна класа. Поставен на Premium Platform Electric (PPE) развиена заедно со Porsche, која исто […]
Nissan Silence S04 – Шпански Јапонец

Nissan влегува и на пазарот за лесни возила со електричен погон Шпанскиот производител на микромобили Acciona, за чија продажба е одговорен Nissan, лансира електричен двосед. Долг само 2,28 метри, широк 1,27 метри, но висок 1,57 метри, Silence S04 наменет е првенствено за младите луѓе, но и за постарите во урбаните средини кои сакаат индивидуална е-мобилност […]
FIAT – Етанол и струја

Иако далеку од нашата реалност, од Бразил доаѓа технички важна вест дека Fiat на тамошниот пазар лансираше благи хибриди кои како погонско гориво користат етанол Основа на приказната е еднолитарскиот турбо мотор со три цилиндри кој испорачува 130 коњски сили, за почеток наменет само за моделите Fastback и Pulse. Комбиниран со електромотор и мала литиум-јонска […]
EuroNCAP – Првиот тест за камиони завршен

EuroNCAP наведува дека иако камионите сочинуваат помалку од три отсто од возилата на европските патишта се одговорни за дури 15 отсто смртни случаи главно заради многу поголемата километража што ја поминуваат. Фактите велат и дека само 11 отсто од жртвите во несреќите на тешките возила се возачите или патници во нив, додека 89 отсто се […]