Opel Grandland Electric AWD

Најголемиот кросовер на Opel, во електричната верзија, доби погон на сите тркала

По најавувањето на високо-перформансни изведби GSE на своите целосно електрични модели, од Руселсхајм пристигна уште една убава вест. Grandland Electric AWD е првиот што доби погон на сите тркала.  Новиот систем за погонот на сите тркала го комбинира стандардниот електричен мотор со погон на предните тркала од 213 КС познат од Grandland Electric со дополнителен електричен мотор од 112 КС за задните тркала.

Благодарение на оваа комбинација, возачите на Grandland Electric AWD можат да очекуваат вкупна моќност од 325 КС, максимален вртежен момент од 509 Nm и четири различни режими на возење. Режимот Normal е наменет за оптимизирање на дневната ефикасност и приоритет дава само на предниот мотор и тркалата. Во него максималната моќност е ограничена на 313 КС, а максималниот вртежен момент е 450 Nm. Во зависност од барањата на возачот, задниот мотор и тркалата автоматски се вклучуваат.

За време на силно забрзување (kick-down), двата мотора го искористуваат својот целосен потенцијал. Двата мотора работат континуирано во 4WD режимот со рамномерно распределена моќност помеѓу сите четири тркала, обезбедувајќи оптимално држење, особено на лизгави површини со максимална моќност и вртежен момент. За амбициозните возачи на располагање е режимот Sport. И во овој режим двата мотора работат континуирано но моќноста е распределена во однос 60:40 помеѓу предната и задната оска.

Управувачот и педалата за забрзување реагираат адекватно обезбедувајќи зголемена реакција. Кога возачот е расположен за економично возење тука е режимот ЕСО кој ја ограничува моќноста 213 КС и приоритет дава на погонот на предните тркала. За време на силно забрзување, задниот мотор и тркалата автоматски се вклучуваат и двата мотора ја испорачуваат својата целосна моќност.

Клима уредот и педалата за гас исто така прифаќаат Есо подесување. Новиот модел испорачува погон на сите тркала без емисии но, сепак се одликува со возбудливо забрзување. Благодарение на двата електрични мотори, Grandland Electric AWD спринтот од 0 до 100 км/ч се совладува за 6,1 секунда. Задоволството при возење и удобноста се дополнително нагласени со амортизери со frequency selective damping технологија.

Оваа единствена технологија доаѓа како стандард кај Grandland Electric AWD. Во зависност од ситуацијата, условите на површината на патот и стилот на возење, тоа овозможува различни карактеристики на амортизација за удобно лизгање при високи фреквенции, т.е. при кратки удари како на калдрма или капак од шахта, како и за спортски, амбициозен стил на возење со подиректен контакт со патот при ниски фреквенции. Со овие остварувања новиот Opel Grandland Electric со погон на сите тркала им овозможува ново ниво на директна, без емисии и безбедна забава при возење.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER