Една година по претставувањето, BYD започна со производството на третиот модел од својата луксузна филијала Yangwang.
Означен како U7, тој е голема лимузина која со својот електричен или плаг-ин хибриден погон ќе ги предизвикува премиум моделите на светските марки. Преполн е со револуционерни технологии како што е ослонувањето кое место традиционални хидраулични амортизери користи електромотори со магнети.
Благодарение на него задните тркала можат да се свртат за 20 степени, со што значително се зголемуваат маневарските способности при паркирање. Внатрешноста може да биде во конфигурации со четири и пет седишта, а системот за полуавтономно возење е заснован на три лидари, пет радари, 13 камери и 12 ултразвучни сензори.
Електричната верзија располага со четири електромотори со вкупно 1.305 коњски сили кои обезбедуваат забрзување до сто километри на час за 2,9 секунди. Максималната брзина изнесува 270, а големите батерии со капацитет од 135 киловат-часа овозможуваат поминување 720 километри.
За тоа придонесува и екстремната аеродинамика со коефициент на отпорот на воздух од 0,195. Со истите електромотори располага и плаг-ин изведбата која заради сместување на дволитарскиот боксер со 272 коњски сили е малку подолга, а нејзините батерии се доволни за 200 километри електрична автономија.
Во корелација со сето наведено е и цената. Во Кина Yangwang U7 чини меѓу 77 и 87 илјади евра.


