McLaren 750S Le Mans

Ограничен на само 50 примероци оддава почит на иконскиот #59 F1 GTR

Секоја победа на 24 часовната трка на патеката Ле Ман е за голема почит, а да се победи таму од прв обид е подвиг кој дава за право за вечна фалба. На 18 јуни 1995 година, McLaren F1 GTR #59 – управуван од Џ.Џ. Лехто, Јаник Далмас и Масанори Секија – ја освои исцрпувачката 24 часовна трка.

Да биде победата послатка уште три McLaren F1 GTR беа во првите пет пласирани. По тој повод McLaren го претставува 750S Le Mans ограничен на само 50 примероци, што го прави скапоцено колекционерско парче.

Возилото се издвојува од стандардниот 750S Coupe благодарение на комплетот за висок потисок кој прави визуелна драма и го зголемува 10% потисокот за подобро прилепување на асфалтот. Изработен од MSO (McLaren Special Operations), вклучува поизразен сплитер на предниот браник, поголем активен заден спојлер и решетки под крилата на задниот дел, сите направени од јаглеродни влакна.

Специјалното издание е ексклузивно достапно во сива Le Mans боја или портокалова McLaren со лого LM на профилот. Конечно, сопирачките клешти се обоени во F1 златно со логото на McLaren во црвена боја.

Во внатрешноста изобилуваат материјали што недвосмислено асоцираат на трки, површини од јаглеродни влакна, алкантара и кожа, на потпирачите за глава и патосниците е извезено името на легендарната патека, а има и уникатна плочка што ве потсетува дека седите во еден од само 50 примероци.

Иако ексклузивно издание, McLaren 750S Le Mans нема модифициран мотор. Централно е поставен четири литрениот би-турбо V8 мотор со 740 коњски сили. Тоа е доволно, освен ако не се обидувате самиte да победите на Ле Ман. Годинава McLaren ќе настапи со два 750S GT3 EVO во класата GT3 на 24 часовната трка

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER