Темелниот редизајн е направен да привлече повеќе купувачи
Најпродаваниот модел на KIA доби нов изглед со кого станува уште поатрактивен. Sportage, кој досега се има продадено во повеќе од седум милиони примероци низ целиот свет го започнува својот поход летово.
Кај нас се очекува во последниот квартал на годинава. На европскиот пазар стартуваат изведбите со 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец кој е спарен шест степен мануелен или седум степен DCT автоматски менувач со двојна спојка, кој испорачува 150 коњски сили.
Неизбежна е верзијата со хибриден погон, кој го користи истиот турбо-бензинец но испорачува 239 коњски сили. Кон крајот на годинава на пазарот ќе се промовира и верзијата со приклучен хибрид. Кај хибридните погони ќе може да се бира и погон на сите тркала.
Задолжителните ревизии на дизајнот за фејслифтот вклучуваат браници со дополнителни 2,5 сантиметри преден преклоп и редизајнирани дневни светла.
Внатрешноста има двокрак волан, редизајнирани отвори за воздух беспрекорно интегрирани во контролната табла и нов тапацир на седиштата. Ажурираниот Sportage стандардно доаѓа со новиот навигациски и информативен систем „Connected Car Navigation Cockpit“.
Системот за забава во автомобилот вклучува, меѓу другото, асистенти со вештачка интелигенција кои ја подобруваат традиционалната гласовна контрола, како и пристап до дополнителни апликации, некои со платена содржина.
Тука спаѓаат услугите за видео стриминг YouTube, Netflix и Disney+, како и понудите за игри. Од новите достапни функции за олеснето користење на Sportage се издвојува дигиталниот клуч што се инсталира во паметниот телефон или паметниот часовник, кој може да се сподели со неколку лица.
Се нуди и десет инчен дисплеј на ветробранското стакло и камера со поглед наоколу со тродимензионален поглед од птичја перспектива на возилото. Цените ќе бидат познати кога ќе пристигне во Македонија.


