BMW Neue Klasse – iX3 – Видео

Иако од својата понуда не ги исфрла моторите на согорување, BMW темелно ја зголемува флотата на БЕВ. Neue Klasse ќе донесе сосема нов пристап, не само кај погонските склопови и батериите, туку и во конективноста, инфозабавата и перформансите. По идниот компактен седан, Баварците го претставија и кросоверот со големина на актуелниот Х3 кој треба да […]
Peugeot 5008 MY 2024 – Видео

Третата генерација на Peugeot 5008 ќе биде лансирана есенва кога овој седумсед ќе се вклучи на пазарот каде го чека остра конкуренција. Тоа не ги загрижува многу маркетерите на Peugeot бидејќи, како што велат, купувачите повторно се враќаат на поголемите кросовери. 5008 е првиот модел што ќе биде поставен на средната платформа на Stellantis, и […]
Infiniti QX80 – Видео

Infinity за својот огромен теренец QX80 нема дилеми околу електрификацијата. Наменет само за американскиот пазар тој има V6 бензински би-турбо мотор и 450 коњи.
Авто Магазин – Нова премиера

Дали полека се издишува балонот на електричните возила? Со укинувањето и заострувањето на условите за субвенциите во повеќе држави и реалните проблеми со инфраструктурата на полначи за која предупредуваат производителите, купувачите им даваат предност на приклучните хибриди. Барем така покажуваат првите два месеци на европскиот пазар. Сепак, производителите забрзано работат на електрификацијата на новите модели, […]
Volvo – Нови батерии за ЕВ – Видео

Како софтверот го надмина хардверот??? Volvo со новата генерација на батерии го демонстрира тоа на најдобар можен начин и ветува дека тоа ќе биде одлично решение за сите БЕВ!
Skoda Epiq – Видео

До 2027-мата Skoda, заедно со својот родител VW, ќе исфрлат на пазарот БЕВ поевтино од 20.000 евра. Од чешка страна тоа, најверојатно, ќе биде градскиот кросовер Epiq.
Audi Q6 e-tron – Видео

После многу најави и одложувања, Audi го претстави првиот електричен модел од новата генерација. Клучно кај кросоверот со ознака Q6 e-tron е новата платформа развиена заедно со Porsche. Таа треба да му обезбеди карактеристики со кои ќе поставува нови стандарди во класата.
KGM Torres EVX – prvi vpecatoci – Видео

По покана на Ратола Груп, застапникот на KGM за Македонија, Бугарија, Косово и Албанија отпатувавме во Истанбул на ексклузивното тест возење на Torres EVX, електричниот првенец на корејците кој отвора ново поглавие за компанијата која наполни 70 години. Од пред две години Ssangyong е во сопственост на корпорацијата KG која има амбициозни планови. Ssangyong е […]
EV vs ICE – Видео

Можеби помалку ве збунува константното поскапување на автомобилите. Оправдувањата се различни и се темелат на развојните трошоци. Кај класичните модели, оние со мотори со согорување, развојот е одамна апсолвиран и најголеми зафати се во областа на намалувањето на цилиндрите и зафатнината. Тогаш зошто тие поскапуваат и сега се поскапи и до 40% споредено пред пандемијата?
Dodge Charger Daytona – Видео

Dodge го претстави првиот електричен Muscle Car. Редефинирајќи ја својата понуда, марката го пензионираше Challenger кој во досегашната генерација се произведуваше цели 15 години. Место него во иднина заеднички во купе и лимузинска верзија ќе настапува Charger кој во електричното издание ќе го носи суфиксот Daytona.