Renault Captur 2024 – Видео

Пред околу една година, Renault Clio помина низ процесот на освежување, а сега на ред е компактниот кросовер Captur, кој ја користи истата платформа. Исто како и Clio, Captur доби целосно нов преден дел кој визуелно значително го менува имиџот на популарниот модел, што не е вообичаена практика во автомобилската индустрија.

Cupra – Пет години гаранција – Видео

Cupra е новата ѕвезда на групацијата VW и ги засилува своите позиции во Европа пред да се истовари од другата страна на Атлантикот. Во прилог на тоа е веста дека шпанската марка ја зголеми гаранцијата на своите возила на пет години.

Колку се еколошки БЕВ – Видео

Педантните аналитичари ги споредија истражувањата направени во последните четири години што се однесуваат на ЕВ и нивниот придонес во намалувањето на нивото на СО2 во Калифорнија. Резултатите се запрепастувачко неповолни.

Нова Премиера – Авто Магазин

Силните напори за интезивна електрификација на возниот парк на глобално ниво почнува да ги покажува и лошите страни. Имаме голем број електрични модели, во најава се уште еден куп, но научните студии што се занимаваат со екологијата покажуваат слика која не им оди на рака на ЕВ. Некои марки се колнат во својата електрична иднина, […]

Збогување со Audi R8 – Видео

Некои автомобили ја напуштаат сцената, други пак продолжуваат по патот на успехот. И двата доаѓаат од Германија. Произодствената лента ја напушти последниот Audi R8. Неговата најмоќна изведба V10 Performance Quattro Edition ќе биде паркирана во музеј каде ќе потсетува на едни носталгични времиња кога цилиндрите господареа.

Регенерација на енергијата кај ЕВ – Видео

Една од предностите на електрифицираните возила е што можат да ја регенерираат енергијата при запирање или возење по надолници. Но колку изнесува тоа производителите не објавуваат.

Xiaomi SU7 – Видео

Џинот во производство на мобилни телефони започнува ново поглавие во својата историја. Со својот електричен седан SU7 го направи тоа што не му тргна од рака на Apple.

Jeep Easter Safari 2024 – Видео

Секој Велигден во пустината Моаб во Јута Јеер традиционално го одржува својот викенд посветен на возењето на терен и претставувањето на новостите од марката. Годинава не беше исклучок.

MG 3 – Видео

Претставен официјално во Женева, новиот MG3почна да се продава во Обединетото Кралство. Добра вест е што таму чини 18.500 фунти или нешто повеќе од 21.000 евра. Кога ќе додје кај нас би можел да чини помалку.

Авто Магазин – Нова епизода

Сите ја поддржуваат електрификацијата на возниот парк, но колку таа е реална и колку е апликативна во земјите на ЕУ. Дека не е се така розево покажуваат најновите истражувања. Поради реалните проблеми продолжен е и рокот на исфрлање на моторите на согорување до 2035 година. Тоа го користат производителите на спортски автомобили кои најавуваат дека […]