Иако од својата понуда не ги исфрла моторите на согорување, BMW темелно ја зголемува флотата на БЕВ. Neue Klasse ќе донесе сосема нов пристап, не само кај погонските склопови и батериите, туку и во конективноста, инфозабавата и перформансите. По идниот компактен седан, Баварците го претставија и кросоверот со големина на актуелниот Х3 кој треба да се произведува во новата фабрика во Унгарија. Еве ги деталите за идниот iX3.


