По покана на Ратола Груп, застапникот на KGM за Македонија, Бугарија, Косово и Албанија отпатувавме во Истанбул на ексклузивното тест возење на Torres EVX, електричниот првенец на корејците кој отвора ново поглавие за компанијата која наполни 70 години. Од пред две години Ssangyong е во сопственост на корпорацијата KG која има амбициозни планови. Ssangyong е добро познато име, присутно на нашиот пазар три децении во неговиот претходен живот. Сега оваа компанија го смени името во KGM. Новите сопственици сакаат да го искористат теренското наследството насочено кон одржување на долго негуваните вредности на производите. Планот е цврсто да го втурнат брендот во мејнстримот, со амбиција за речиси тројно зголемување на глобалниот волумен на пласман на 320.000 единици во 2026 година. Еве ги нашите импресии од првото возење на Torres EVX.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu