После многу најави и одложувања, Audi го претстави првиот електричен модел од новата генерација. Клучно кај кросоверот со ознака Q6 e-tron е новата платформа развиена заедно со Porsche. Таа треба да му обезбеди карактеристики со кои ќе поставува нови стандарди во класата.
