Lancia Ypsilon HF – Релито во фокус

Како што вети, Lancia со малиот Ypsilon се враќа во светот на рели натпреварите. Адутот со кој ќе се предизвикаат конкурентите веќе е подготвен и ја носи традиционалната ознака HF. Наменет е за младите возачи кои допрва треба да се докажуваат и има 1,2 литарски трицилиндричен турбо мотор со 212 коњски сили, петстепен менувач  и […]

Mercedes отвори центар за рециклирање на батерии

Mercedes ја отвори првата постројка во Европа за рециклирање на батерии на електричните возила. Во неа се користи единствена технологија која комбинира механички и хидрометалуршки процеси и материјалите се разградуваат со помош на вода. На тој начин литиумот, никелот, кобалтот и другите материјали низ неколку фази се одвојуваат едни од други, при што степенот на […]

Pal-V Liberty – Земја-Воздух-Земја

Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат. Според холандската компанија Pal-V процесот траеше четири години но засега ќе може само да се вози – за дозвола за летање ќе се почека уште малку. Ова возило со две седишта  наречено Liberty е мешавина меѓу трицикл и мал хеликоптер. Кога се вози пропелерот е склопен над […]

Hyundai RN24 – Лабораторија на тркала

Корејскиот гигант продолжува со развојот на своите електрични возила. На патеката Нирбургринг се појави несекојдневно возило кое ќе служи како лабораторија на тркала за иднината на своите електрични возила. Иако Hyundai овој експерименталниот RN24 вели дека е наменет за развој на електричните модели со високи перформанси од серијата N, сигурно дека добиените сознанија ќе ги […]

Дизелот поскапува за половина денар

Од утре цената во малопродажбата на дизелот се зголемува за половина денар, додека цената на бензините останува непроменета. На полноќ ќе важат следните цени: ЕУРОСУПЕР БС-95            77,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98            79,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)         69,00 ден/лит.

Renault Symbioz –Пристигна Македонија

Вториот по големина сегмент според продажбата на светско ниво е пазарот на компактни кросовери, па и не треба многу да изненадува што Renault има дури четири такви модели. На претходно промовираните кај нас Conquest и Austral од сега им се придружи Symbioz. Со должина од 4.410 мм е само 10 цм пократок од Austral.  Symbioz […]

КОМАК – Гордоста на Македонија

Македонската подружница на Kostal доби значајно признание за квалитетот на своите производи Светски познатиот производител на електронски компоненти за автомобилската индустрија ја отвори својата фабрика во Охрид пред осум години. За тој период, наспроти сите предизвици што се случија во браншата, успеа да го одржи производството и високиот квалитет на своите производи што се вградуваат […]

Tesla Cybercab – Најавен за 2027

После само кратко одложување што ретко се случува, Илон Маск на спектакуларен начин во едно филмско студио во Лос Анџелес го претстави роботизираниот такси автомобил на Tesla. Наречен Cybercab тој нема волан и педали, ниту пак задно стакло и ретровизори бидејќи не му требаат. Во каросеријата со аеродинамичен облик сличен на авионско крило има место […]

Lynk & Co 02 – Нов модел за нов почеток во Европа

Соочувајќи се со незадоволувачкото ниво на продажба посебно во Европа, Lynk & Co последниве години забрзано работеше на освежување на својата гама. Еден од новите адути веќе пристигна на пазарот, најпрво во Кина под ознаката Z20 а сега и на Стариот Континент како 02. Нема ништо заедничко со моделот кој таму се продава под тоа […]

Горивата поевтинуваат

околу 0,1213% повисок од курсот на доларот (56,3359 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка. ЕУРОСУПЕР БС-95           77,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98          79,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)       68,50 ден/лит.