Pal-V Liberty – Земја-Воздух-Земја

Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат. Според холандската компанија Pal-V процесот траеше четири години но засега ќе може само да се вози – за дозвола за летање ќе се почека уште малку.

Ова возило со две седишта  наречено Liberty е мешавина меѓу трицикл и мал хеликоптер. Кога се вози пропелерот е склопен над покривот и може да постигне 160 километри на час обезбедени од 100-коњски мотор.

За летање пак се користи друг двојно посилен мотор кој ќе го вивне во воздух до 3.350 метри и со максимални 180 километри на час однесе 500 километри подалеку. За полетување и слетување му е потребна писта долга 180 метри а за трансформација во автомобил 5 минути.

За користење требаат и возачка и пилотска дозвола, за чие добивање Холанѓаните имаат организирано сопствена школа. Кога ќе започне комерцијалната продажба зависи од развојот на настаните, но Pal-V Liberty веќе може да се нарача. Иницијалната серија ограничена на 90 примероци без давачки ќе чини половина милион евра, а стандардниот модел 300 илјади.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER