Соочувајќи се со незадоволувачкото ниво на продажба посебно во Европа, Lynk & Co последниве години забрзано работеше на освежување на својата гама.
Еден од новите адути веќе пристигна на пазарот, најпрво во Кина под ознаката Z20 а сега и на Стариот Континент како 02.
Нема ништо заедничко со моделот кој таму се продава под тоа име бидејќи се работи за електричен кросовер, засега само со еден електромотор од 272 коњски сили сместен назад и батерии доволни за автономија од 435 километри.
Базиран е на платформата што ја користат Volvo EX30 и Smart #1, кои исто така се произведуваат во погоните на матичната компанија Geely. Долг е 4,46 метри и како велат развиен во Шведска, но сепак дизајнерски многу е близок со Zeekr X кој исто така е на пат кон Европа.
За разлика од него срцата на купувачите ќе ги освојува со својата купеовска линија на стаклениот покрив и поиздашните пакети опрема, како и со цената од 35.500 евра.