Вториот по големина сегмент според продажбата на светско ниво е пазарот на компактни кросовери, па и не треба многу да изненадува што Renault има дури четири такви модели. На претходно промовираните кај нас Conquest и Austral од сега им се придружи Symbioz.
Со должина од 4.410 мм е само 10 цм пократок од Austral. Symbioz има целосно хибридна погонска група E-Tech од 145 КС. Хибридниот погонски агрегат овозможува до 80 отсто од урбаните патувања да се одвиваат на струја и можно е со еден резервоар гориво да се извозат и до 1.000 км. Ќе има верзии и со мотори на согорување, но тие ќе дојдат подоцна.
Разумно убавиот дизајн го надополнува практичноста и импресивниот багажник од 492 до 624 кои се добиваат со поместувањето на задната клупа. Таа може да „лизга“ 16 сантиметри. Simbioz има јасна визуелна врска со Captur напред, но на останатите површини дизајнот е посилен и поаголен. Иако Symbioz е компактен кросовер на почетно ниво на Renault, тој има голем број на погодности и комфорни карактеристики, вклучително и електричен поклопец на багажникот што може да се ракува со движење на ногата и стакло што автоматски го затемнува сончевиот покрив.
Панорамскиот покрив не ги жртвува изолационите својства. Новите погодни функции вклучуваат My Safety Switch, кој ги контролира визуелните и звучните предупредувања со едно копче и Safety Coach, кој ја снима брзината, положбата и траекторијата на возилото и дава оценка за возење и совети за подобрување на економичноста. Сабота е добар ден за прошетка и нови познанства. Symbioz ве чека во Салонот на Аутомотив Груп.