Bentley Flying Spur – исполиран и засилен

Bentley го обнови големиот Flying Spur кој заедно со новиот изглед повторно ја доби и спортската S изведба. Најзабележителна промена е редизајнираниот преден дел инспириран од Continental GT со единечни предни светла придружени со испеглан браник и маска обликувани како една целина. И задниот дел е прочистен и на него веќе ги нема наборите на […]

Peugeot е-208 GTi – Струја наместо бензин

Пред речиси една година, Peugeot го претстави концептот e-208 GTi во пресрет на 24-часовната трка Ле Ман. На истото место сега е лансиран серискиот модел. Сега на истото место ја слави премиерата на серискиот модел кој не се разликува многу од концептот. Ненаметливиот надворешен дизајн тактични балансира со емоциите благо и без претерување ја нагласува […]

Rolls-Royce Spectre Series II

Rolls-Royce ја претстави втората серија на електричниот Spectre кој уште од кога се појави во 2023-тата заради безвременскиот дизајн, напредните технологии и добрите карактеристики стана еден од најзначајните модели на модерното доба на марката. И новиот модел кој иако изгледа исто донесува низа подобрувања се надоврзува на овој успех. Главните измени се во погонскиот систем […]

Audi Q7 – Конечно, по десет години, нова генерација

Вредеше да се чека една деценија за третата генерација на Q7 кој има мускулест дизајн и респектабилни технологии Audi го претстави Q7 од третата генерација, и иако овој пат неговата позиција како водечки кросовер од Инголштат ќе ја заземе, за кратко време, уште поголемиот Q9. Сепак во Q7 не е штедено на луксуз и се […]

Aito M9 – Луксузот може да тера и на три тркала

Кинезите повторно се надминаа самите себе си – втората генерација на луксузниот теренец Aito M9 настанат во соработка на Seres групата и Huawei може да вози и на три тркала. Овој модел лансиран пред само две години е достапен во две верзии, стандардна и продолжена која се растегнува на дури 5,4 метри. Сé во него […]

Audi Nuvolari – Манифест на моќта

Nuvolari не е само ореол на брендот. Тој е симбол на оптимизмот и визијата насочени кон иднината. Групацијата VW го продаде Bugatti, но го лансира Nuvolari. И тоа не е случајно бидејќи длабоко ја поврзува историјата на Audi проткаена со намерна симболика. Го носи името на легендарниот Тацио Нуволари, еден од најголемите тркачки возачи на […]

BMW M2 М xDrive – Агилноста на максимум

Погонот на сите тркала овозможи уште посилни перформанси Баварците како да не знаат за доста. Високо оценетата М2 поради нејзината агилност и управливост, со најновата еволуција доби М xDrive погон со кого стана уште подинамична. M xDrive системот за погон на сите тркала за прв пат се вградува во спортскиот компакт. Тој ја распределува моќноста, […]

Ferrari Luce – Новата ера започна во Маранело

Растегнатото коњче  се соочи со најголемиот предизвик во неговата модерна историја. Првиот електричен автомобил што доаѓа од Ferrari е нешто сосема ново. Долг е 5.026 мм, има четири врати, пет седишта и четири мотори кои произведува 1.035 КС. Рака на срце, Luce (италијански „светло“) е способен да достигне 100 км/ч за само 2,5 секунди, до […]

Jeep Avenger – Модернизиран одмазник

После 270 илјади продадени примероци Jeep го модернизираше својот европски хит познат по компактните димензии и изразената сестраност во секојдневната употреба. Влегувајќи во нова фаза на својот животен век малиот Avenger доби освежен преден дел, поквалитетна внатрешност и унапредени погонски групи. Внимателно одмерениот редизајн не го менува препознатливиот идентитет на Avenger. Естетиката е подобрена со […]

VW ID. Polo GTI – Првиот електричен GTI

Поминаа 50 години од кога значката GTI почна Фолксвагените да ги прави повозбудливи. Сега за прв пат GTI прикаската станува електрична, но тимот од Волфсбург смета дека новиот ID.Polo GTI го задржа вистинскиот карактер на „жежок хечбек“. Дури и рецептот е многу поразличен. Тука не се работи само за црвени штепови, украсни елементи и големи […]