Мотоцентар ги претстави Dunlop и Falken

Нова страница во перформансите и безбедноста на нашите патиштата

Компанијата Мотоцентар официјално ја презентираше соработката со водечкиот глобален производител на пневматици Sumitomo Rubber Industries (SRI). Во рамки на презентацијата која се одржа во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје, беа претставени брендовите Dunlop и Falken пред партнерите, соработниците и медиумите.

Со ова партнерство, Мотоцентар ја зајакнува позицијата на пазарот, нудејќи им на возачите во Македонија премиум и средна класа на автомобилски пневматици, од светски ранг. На презентацијата, покрај менаџментот на Мотоцентар, учествуваа високи претставници од европскиот тим на двата бренда  Гинтер Рипл, Сениор директор за продажба за Централна и Источна Европа; Матијас Форстер, Сениор технички инженер за Dunlop Tyre Europe и Рафаел Дарендорф, Специјалист за односи со јавноста.

“Партнерството со Sumitomo Rubber Industries е резултат на нашата долгорочна стратегија за застапување на исклучиво докажани, глобални брендови. Воведувањето на Dunlop во премиум сегментот и Falken како решенија со врвни перформанси во средната класа ни овозможува целосно да ги задоволиме барањата на современиот пазар, кој сè повеќе бара напредни и иновативни технологии. Горди сме што преку оваа соработка на македонските возачи им нудиме производи што директно ја зголемуваат безбедноста и ефикасноста на патиштата, по конкурентни цени“, изјави Горан Гроздоски, Генерален Директор на Мотоцентар.

За време на настанот, беа истакнати клучните иновации кои го прават брендот Dunlop еден од најценетите во автомобилската индустрија. Посебен акцент беше ставен на револуционерната ACTIVE TREAD технологија, систем за адаптивен пневматик кој реактивно го менува својот состав според временските услови. Пневматикот омекнува при ниски температури и на влажен пат, а станува поцврст при високи температури и сув коловоз, нудејќи максимална безбедност без компромис. Воедно, беа претставени и Blue Response TG и Synchro Weather сериите – нова генерација пневматици дизајнирани за максимална стабилност, намалена бучава благодарение на Silent Wave технологијата и оптимизирана потрошувачка.

Покрај премиум сегментот на Dunlop, беше презентирано и портфолиото на Falken, кое нуди идеален баланс помеѓу перформансите, издржливоста и достапноста, со фокус на новите модели како Euroall Season AS220 и палетата Vario Core, соодветна и за електрични возила. Брендовите Dunlop и Falken се препознаени ширум светот и веќе се избор број еден за прво вградување кај дел од светските брендови на автомобили, меѓу кои се Audi, Bentley, BMW, Deepal, Geely, Honda, Hyundai, Jaguar, Lexus, Mazda, Mercedes-Benz, Mini, Mitsubishi, Nissan, Porsche, SEAT, Skoda, Subaru, Toyota и Volkswagen.

“Dunlop и Falken се два бренда со богата повеќедецениска традиција и визија насочена кон иднината. Преку нашите глобални партнерства на повеќе од 100 пазари во светот и присутноста во најпрестижните автомобилски трки и спортски настани, постојано инспирираме доверба и страст кај љубителите на возењето. Задоволство ни е што преку овој настан во Скопје ја пренесуваме приказната и вредностите на нашите брендови и на македонскиот пазар. Заедно со ‘Мотоцентар’ отвораме ново поглавје за Dunlop и Falken“, изјави Гинтер Рипл, Сениор директор за продажба за Централна и Источна Европа.

По официјалната презентација, присутните гости имаа можност одблизу да се запознаат со изложените модели на гуми, техничките карактеристики и идната стратегија на брендовите. За сите заинтересирани, пневматиците од брендовите Dunlop и Falken се достапни во рамки на продажната мрежа на Мотоцентар ширум државата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER