VW ID.3 GTI – Дебитира најмоќниот GTI

VW е познат и по тоа што го измисли суфиксот GTI. Сега го претставува во најмоќното издание, во електричниот ID.3.

Можеби звучи иронично, но приматот на амблемот GTI го превзема електричен автомобил. По пет децении царување октаните му го препуштија местото на електроните.

Со 326 КС, рака на срце, ID.3 има само една КС повеќе од Golf GTI 50 Edition, но и таа симболична разлика е доволна да ја превземе круната. Со погон на задните тркала, опремен со стандардна контрола на лансирањето, забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,6 секунди, испорачува максимален вртежен момент од 545 Nm и достигнува електронски ограничена максимална брзина од 200 км/ч.

Литиум-јонската батерија на ID.3 GTI има нето енергетска содржина од 79 kWh и може да се полни до 183 kW. Ветен е опсег до 600 километри. VW ID.3 GTI има DCC спортска суспензија, 20 инчни алуминиумски тркала и црвен ознака на врвот на мултифункционалниот спортски волан.

Спортските седишта го реинтерпретираат тапацирот на првите седишта на Golf GTI од 1976 година. Покрај режимите на возење Eco, Comfort, Sport и Individual, постои и посебен режим GTI.

Достапни се пет бои на екстериерот, вклучувајќи ја и класичната црвена боја Tornado. Останува да се види дали ќе биде способен да му ја превземе круната на Golf GTI 50 Edition на Нордшлајфе…

Продажбата на VW ID.3 GTI започнува на почетокот на идната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER