Opel ја лансираше Corsa GSE (фото-галерија) mi

Легендата се врати во електрично издание

Opel ја лансираше новата Corsa GSE со која го означи враќањето на своите легендарни спортски модели, сега во електрично издание. Таа со своите 281 коњска сила кои ја прават најсилната Corsa во историјата ветува адреналин со нулти емисии.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 5,5 секунди, а најголемата брзина изнесува 180 km/h. Возачот може да бира меѓу три режими на возење: Sport, Normal и Eco, кој ги прилагодува силата и ефикасноста според моменталните потреби. Енергијата се чува во батерии со капацитет од 54 kWh од кои 51 се искористливи, со посебно прилагоден термички систем за управување со температура за долготрајна спортска издржливост.

Техничкиот пакет вклучува погон на предните тркала со Torsen самоблокирачки диференцијал, спуштено спортско ослонување, прилагодено управување и моќни четириклипни сопирачки. Активниот спортски звук развиен посебно за овој модел дополнително го нагласува динамичниот карактер на возењето. И дизајнот е наменски прилагоден да зрачи со сила. Corsa GSE се истакнува со агресивните браници, црните детали на каросеријата, покривот исто така е црн а тркалата од 18 инчи се со пневматици Michelin Pilot Sport 4S. Жолтите Alcon сопирачки клешти со натпис GSE дополнително го нагласуваат спортскиот идентитет на возилото.

Внатрешноста е со спортски седишта со детали од алкантара и волан обложен со истиот материјал, жолти сигурносни појаси и алуминиумски педали. Дигиталните екрани ги покажуваат перформансите, вредноста на G-силата и податоците за батериите, додека практичноста ја обезбедуваат загреваните седишта, камерата за возење наназад, навигацијата и функцијата за напојување надворешни уреди.

Цената на Opel Corsa GSE во Германија е поставена на 39.900 евра.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER