Во пресрет на премиерата закажана за 23-ти септември Британците се пофалија
Bentley се подготвува за една од најголемите промени во својата 107-годишна историја – лансирањето на првиот електричен модел. Во пресрет на неговата премиера најавија дека ќе биде најсилниот сериски модел било кога излезен од нивните погони – неговите два електромотора ќе развиваат повеќе од 850 KS и околу 1.000 Nm вртежен момент и ќе му овозможат забрзување до 100 за помалку од три секунди. Бројките уште не се официјално потврдени но техниката на која почива позајмена од Porsche Cayenne Electric овозможува и повеќе.
Интересни се и податоците за секојдневната употребливост -проектираната автономија ќе изнесува околу 600 километри според WLTP стандардите, а архитектурата треба да овозможи полнење со моќност од 400 kW. Bentley наведува дека во идеални услови за седум минути ќе се повлече струја доволна за поминување 160 километри додека од 10 до 80 отсто од капацитетот треба да се достигнат за помалку од 20 минути.



