Dacia Spring – Електричните апетити се зголемуваат

Втората генерација на најдостапното европско електрично возило користи основа на Renault, се произведува во Словенија и ќе чини помалку од 20 илјади евра.

Во согласност со својот стратешки план до 2030 година Dacia цврсто се обврзува на електричната мобилност. Брендот потврди лансирање на четири целосно електрични возила во следните три години и сега го открива првото во серијата. Со втората генерација на Spring, Dacia ја продолжува успешната приказна за модел продаден во над 210.000 единици во повеќе од четириесет земји од 2021 година, давајќи им на многу клиенти пристап до електрична мобилност за прв пат.

Новиот Spring го задржува името, но менува сè друго. Целосно редизајниран и изграден на новата мала платформа RG-EV на Renault Group, сега има сосема различни пропорции. Поширок е за 18 см, што му дава поцврст, поробусен став, а воедно го зголемува и внатрешниот простор. Spring е првата Dacia што има корист од новите развојни програми на Renault Group, со намера да го забрза циклусот на дизајнирање на возила и да го скрати времето за развој на помалку од две години, а истовремено да ги намали трошоците. Инструмент таблата доби 7 инчен екран со 10,1 инчен мултимедијален екран на допир во центарот на контролната табла, на дофат и видливост и на возачот и на сопатникот.

Како и во претходната генерација Spring не се расфрла со сила. Доаѓа со погонски склоп што развива 60 kW и вртежен момент од 175 Nm. Забрзувајќи од 0 до 100 км/ч за 12,1 секунда со максимална брзина од 130 км/ч, има способност непречено да се вклучи во протокот на градски и сообраќај на автопат. LFP батеријата со 27,5 kWh употреблив капацитет нуди опсег до 250 км во комбиниран циклус според WLTP. Стандардно се испорачува со вграден полнач од 6,6 kW, а се полни од 15% до 80% за 9 часа на домашен приклучок. Со ѕиден полнач од 7 kW, полнењето се намалува на 2 часа и 55 минути.

Пакетот за брзо полнење вклучува полнач од 11 kW и полнач од 50 kW, со што времето потребно за полнење од 15% до 80% се скратува на само 1 час и 55 минути со трифазен ѕиден полнач од 11 kW. На полнач од 50 kW на корисниците за полнење од 15% до 80% ќе им требаат само 28 минути. Според проекциите на маркетерите цената на Dacia Spring во ЕУ ќе биде пониска од 20.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER