Ексклузивно од Париз » Електрика за сите!

Top News Ексклузивно Занимливости Новитети Поглед во иднината

Електрика за сите!

Денеска сме дел од лансирањето на Ami

Објавено на 27 февруари 2020 година

Во време кога електричните возила се елитистички и скап производ, Citroen лансира лесно градско превозно средство на четири тркала. Ami (пријател), како е наречен, со ниска цена, лесно полнење на батеријата и умни решенија, има шанси да загосподари со градовите. Уште од 1919 година Анри Ситроен имаше сон да направи автомобил за сите. Тоа му успеа со CV2. Сега преку Citroen Ami тоа ќе се повтори. Овој исклучиво градски автомобил е револуционерен по многу основи. Овој мал двосед е долг 2,41 метри но нуди многу поголема безбедност од конвенционалните скутери, мопеди и тротинети. Има автономија од 70 km и максимална брзина од 45 km/h. Батеријата се полни на обична електрична мрежа за 3 часа и нема никакви потреби со специјалните полначи. Едноставно се вклучува во штекер и толку!

Може да се вози без возачка дозвола па е погоден за млади од 14 годишна возраст (Франција и Италија) а за остатокот од Европа 16 години, но и за пензионери. Само за информација во Франција трошоците за возачка дозвола се 1.800 евра. Доколку се купи на лизинг месечната рата е 19,99 евра, а кој не сака да го поседува понудена е опција на временско споделување и чини 29 евро центи на час. Ќе се продава преку интернет но и во продавници на електрични производи.

клучни зборови: ,