Jaguar Type 01 – Излезе на мегдан

Иако некои би кажале дека го промашиле правецот и тргнале накај својата пропаст, Jaguar се сврте кон иднината практично бришејќи ја целата 90-годишна историја.

Ризикот беше огромен – развојот на контроверзната електрична лимузина траеше предолго време за кое погоните беа затворени.

Но од компанијата се убедени дека ќе успеат – изјавија дека за новиот Type 01 интерес покажале околу 50 илјади луѓе од кои повеќе од 80 отсто за прв пат се сретнуваат со некој нивни модел. Тоа и го очекуваа – дистанцирањето од традиционалните купувачи треба да им овозможи поголем проток на пари со помало производство.

Во Jaguar се свесни дека новите идеи не им се допаѓаат на сите и дека предизвикаа поделени мислења. Но токму тоа им беше и цел – да започнат да прават автомобили наменети за поексклузивна група купувачи кои повеќе ќе ги ценат екстравагантноста и техничките иновации отколку наследството на името.

Во превод, помлади и подобро ситуирани луѓе кои повеќе се заинтересирани за истакнување на сопствената индивидуалност. За новиот Type 01 досега многу се зборуваше и скоро сé е познато – почнувајќи од дизајнот до погонската група од 1.030 коњски сили и автономијата од 720 километри.

Она што не се знаеше но со голема сигурниот се претпоставуваше е цената од 130.000 фунти. Па, нека им е со среќа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER