Škoda Kodiaq – За 10 годишнина со битни подобрувања

Актуелната, втора генерација добива нов ветер во едрата со помоќен приклучен хибрид и Laurin & Klement интерпретација.

Првата генерација на Kodiaq беше претставена пред јавноста во септември 2016 година во Берлин и до сега постигна тираж над 1,2 милиони примероци.

Во 2025 година, Kodiaq беше вториот најпродаван модел во понудата на Škoda. Сега ќе може да се нарача во нови верзии, кои дополнително ја прошируваат палетата на избори. Првата новина е од техничка природа.

Слично како кај моделот Superb, Kodiaq сега е достапен и со помоќен приклучен хибрид кој благодарение на батеријата со капацитет од 25,7 kWh овозможува над 100 км возење на струја со вкупна системска моќност зголемена за 50 kW и сега произведува 272 КС.

Ова зголемување е овозможено преку бензинскиот мотор 1.5 TSI, чија моќност е зголемена на 130 kW, во комбинација со електромотор со моќност од 85 kW. Škoda во понудата за Kodiaq го враќа врвниот пакет на опрема Laurin & Klement.

Предните седишта се ергономски дизајнирани, поседуваат AGR-сертификат и нудат напредна функција за масажа. Стандардната опрема вклучува и тризонски клима уред, како и инфозабавен дисплеј од 13 инчи. Нека е среќна декадата на постоењето!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER