Ова ли е новиот BMW iNext, односно iX3?
Исчекувањето на електричниот SUV на BMW го скратуваме со новостите од социјалните мрежи
Објавено на 4 мај 2020 година
Веќе некое време се знае дека наредниот електричен модел на BMW ќе биде SUV, претставен како iNext, а комерцијализиран како iX3. Според тоа не би имало никакви дилеми како тој би изгледал, но сепак од BMW останаа должни и досега не објавија ништо конкретно за неговиот дизајн. На радост на сите љубители на марката, тој се појави инкогнито и го освои виртуелниот свет – ова се неговите неофицијално фотографии кои според приложеното има огромни шанси да бидат и финални, односно официјално кои случајно или намерно се објавени пред неговото претставување. Нема да ги коментираме, туку само ќе ви ги пренесеме, колку да ја задоволиме љубопитноста на купувачите кои од 2018 година чекаат нешто за овој модел кој наводно треба да има 286 КС и батерии кои ќе му овозможат автономија од 440 km. Исто така наводно, треба да се произведува во Кина.



