VW – Golf R со видео

Вести Видео насловна Новитети

Пристигна најсилниот сериски Golf

Задоволство за сите сетила

објавено 4 ноември 2020

Денеска светлото на денот го здогледа најновата верзија на Golf со ознака R. Оваа буква потсетува на многу зборови од автомобилскиот речник но најмногу на Race. А на што друго да асоцира кога ќе се види техничката спецификација? Каросеријата е пониска за 8 милиметри во однос на спортската верзија GTI во име на перформансите. Сепак пред да се предадеме на техничката спецификација мора да се напомене дека екстериерните измени иако минимални направени се со максимален ефект. Предниот браник е масивен и е во функција да обезбеди доволно воздух за моторот додека на задниот дел доминираат четирите издувни цевки и големиот спојлер на врвот на петтата врата. Каросеријата може да се нарача во три бои од кои ”лапиз” сината металик е избрана за заштитна за оваа генерација на Golf R, а ја следат чисто белата и црната со бисерен ефект. Внатрешноста на Golf е радикално дигитализирана што само ја потенцира технолошката ориентација на марката. Како што доликува на знаменосец опремен е со Discover Pro инфозабавен систем, десет инчен екран осетлив на допир, Предните спортски седишта се украсени со кожа и на нив извезено е логото на моделот.

Воланот е мултифункционален и се заграва, а преку синото копче R директно се активира профилот Race. Оваа изведба е најсилната од сите претходни пет генерации на Golf со ознака R. За моќните перформанси задолжен е четири цилиндерски турбо-бензински мотор кој испорачува 315 коњи. Тој е спососбен да ја забрза каеросеријата од мирување до 100 км/ч за 4,7 секунди и да постигне максимални 248 км/ч! Сепак моторот не е направен само да голта гориво. Напротив, вентилите имаат варијабилна работа што допринесува на економичноста, не само на перформансите. Максималниот вртежн момент се постигнува при 2.100 врт/мин и неговата крива се задржува до 5.350 врт/мин што дава константно високо ниво на агилност на моторот. Традиционално силата се пренесува на сите тркала преку новиот 4Motion со вектроирање на вртежите и ново воведениот Vehicle Dynamics Manager. Новиот заден диференцијал ја дистрибуира силата помеѓу предната и задната оска и помеѓу задните тркала посебно што значително ја подобрува агилноста особено во свиоци. На ова не може да не се додаде присуството на електронската блокада на диференцијалот и системот за контролирање во свиоци. За традиционалистите опремен е со шест степена мануелна трансмисија додека со доплата се нуди DSG со седум степени. Вака наоружаниот Golf R оправдано ќе ја понесе гордоста што ја ветува оваа ознака.