Volvo ги полни батериите » Најавен и вториот електричен модел

Top News Занимливости Новитети Поглед во иднината

Најавен и вториот електричен модел

Објавено на 7 февруари 2020 година

Веднаш откако ја отвори книгата за нарачки на својот прв електричен модел XC40 Recharge, Volvo објави дека и големиот XC90 ќе ја добие неговата погонска група. Но за тоа ќе треба да се почека третата генерација, планирана за 2022 година. Во меѓувреме производството на електричниот XC40 треба да се стабилизира откако ќе започне во втората половина од годината. Тогаш некаде треба да се очекуваат и првите испораки, но од Volvo сé уште не кажуваат кои пазари ќе имаат приоритет. Швеѓаните не ја кажуваат ниту цената на овој 400-коњски електричен кросовер, иако потврдија дека веќе контактираат со купувачите кои за него изразиле интерес. Велат ги има неколку десетици илјади, што им влева надеж дека ќе успеат да ја постигнат зацртаната цел до 2025 година една половина од продажбата да бидат електрични модели. Заради тоа веќе се потпишани долгорочни договори вредни повеќе милијарди долари со два добавувачи на батерии од Далечниот Исток.

клучни зборови: , ,