Volkswagen во 2020-тата ќе лансира дури 34 нови модели!

Top News Занимливости Новитети Поглед во иднината

Volkswagen во 2020-тата ќе лансира дури 34 нови модели!

Од нив 12 ќе бидат кросовери, а 8 електрифицирани

Објавено на 24 декември 2019 година

Volkswagen на своите поклоници ќе им исполни повеќе божиќни и новогодишни желби отколку што тие воопшто посакале – производителот од Волфсбург како дел од своето големо вложување во идните технологии во 2020-та година ќе лансира дури 34 нови модели. Од нив 12 ќе бидат кросовери, а 8 електрични или хибридни. Меѓу нив ќе бидат првите два модела од електричниот ID семејство – хечбекот ID.3 и компактниот SUV ID Next кој најверојатно сериски ќе биде означен како ID.4. Останатите ќе бидат варијанти со различна силина на веќе присутниот 1,4 литарски TSi хибридно засилен со електромотор, кој ќе го најде своето место и во новиот Golf. Планот е да се хибридизира целата гама сé до Touareg.

Германскиот производител во наредните пет години во нови модели ќе инвестира 19 милијарди евра, од кои 11 милијарди во електричните технологии.

 

клучни зборови: