Top Secret :: Електричниот Fiat би можел да биде Peugeot e-208

Електричниот Fiat би можел да биде Peugeot e-208

Ќе се реализира ли можната соработката меѓу PSA и FCA за која започна да се зборува пред кратко време?

објавено на 6 мај 2019 година

Она што никој не можеше, ќе го сторат електричните возила – ќе ги обединат најлутите конкуренти. Примери нема многу, барем не кај големосериските производители. Но доколку се остварат тие за кои се шпекулира, ќе бидат историски. На пример соработката меѓу PSA и FCA. За неа започна да се зборува пред кратко време, но само во рамките на претпоставките. Сé до пред некој ден, кога извршниот директор на итало-американската компанија Мајк Менли официјално откри дека се заинтересирани за електричната платформа на француската групација. Со неа Fiat лесно и брзо ќе добие мал електричен автомобил базиран на Peugeot е-208, кој ќе го врати во центарот на случувањата на автомобилската сцена. Со тоа и веста за можно партнерство или пак спојување на двете компании ќе се најде во епицентарот на настаните во автомобилската индустрија.

Што ќе се изроди од оваа негова жлеба неблагодарно е да се прогнозира, но факт е дека Fiat Chrysler допрва треба да ја развива своја електрична програма. За неа тешко е да се поверува дека има ресурси. Време секако нема, а во однос на парите се споменуваат некои две милијарди евра минимум. Затоа за да полесно ги следи новите еколошки норми, една ваква соработка со некој друг производител е доста веројатна. А Fiat веќе има две активни соработки во доставната програма со Peugeot, така што оваа нема да биде нешто од небо паднато. Сепак, да почекаме уште малку за да даваме прогнози.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER