Tesla Cybertruck (со видео) » Возило што ќе ја промени сликата на Америка

Возило што ќе ја промени сликата на Америка

Елон Маск, таков каков што го дал господ, на театрален начин го претстави новиот пикап на Tesla

Поинаку впрочем не ни можеше да биде, бидејќи ова возило за кое тој има желба да ја промени сликата на Америка, сосема заслужува така да дојде на овој свет. А тоа се случи малку предвреме, изненадувајќи ја и јавноста, и конкуренцијата. Тие, но и целиот свет, тоа што је Маск го покажа тешко ќе можат да го голтнат. Сепак сигурни сме дека до 2021 година кога овој пикап со назив Cybertruck треба да започне да се произведува, ќе имаат време да го прифатат, посебно заради карактеристиките – трите електромотора на топ верзијата им даваат погон на сите тркала забрзувајќи ги до 96 km/h за 2,9 секунди и до максимални 209 km/h. Каросеријата му е самоносечка од нерѓосувачки челик, а ослонувањето воздушно. Ќе може да повлече приколка од 6.350 kg, автономијата му изнесува дури 800 km, а ќе чини 69.900 долари. Доста интересно е и дека основната верзија која ќе има погон само на задните тркала и автономија од 400 km ќе чини 39.900 долари, а верзијата со два електромотора десет илјади повеќе. Изгледот како од научно-фантастичните филмови нема да го коментираме, но ќе кажеме дека должината од 5,9 метри и ширината од 2 метра на шесте патници во него им обезбедуваат простор како во дневна соба. Внатрешноста сé уште се крие, меѓу другото и зад блиндираните стакла.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER