Škoda Octavia (со видео) » Официјални „шпионски“ фотографии

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Официјални „шпионски“ фотографии

Објавено на 29 октомври 2019 година

Во Škoda сé е подготвено за скорешната премиера на новата четврта генерација на Octavia. Доказ за тоа се и официјално објавените „шпионски“ фотографии и деталите за новата чешка гордост. Прикажаниот модел е во караван верзија, што не значи дека кај класичната изведба ќе има измени – лифтбек обликот и понатаму ќе остане бидејќи одлично е прифатен од купувачите. Главната карактеристика на Octavia – пространата внатрешност ќе биде нечепната, заедно со огромниот багажник. Дури и повеќе – должината ќе биде зголемена за 19, а ширината за 15 mm, додека меѓуоскиното растојание ќе се задржи. И покрај тоа патниците на задните седишта ќе имаат 78 mm повеќе место за колената. Некои изненадувања во дизајнот не се очекуваат, но сосема е јасно дека ќе биде напуштен концептот на двојни четвртасти предни светла.

Внатрешноста ќе биде исполнета со солидно ниво опрема, со резерва дали во Octavia ќе бидат понуди и најновите и најсовремени системи како во Superb. Затоа пак извесни се дигиталната инструмент табла, head-up дисплејот, тризонскиот клима уред, full-matrix ЛЕД светлата… За некои изненадување а за други очекувано, моторизацијата ќе стартува од трицилиндричниот еднолитарски TSi со 110 KS, а ќе следат и 1,5 и 2,0 литарските бензинци со 150 и 190 KS. За помалите се споменува и mild-hybrid верзија со систем од 48 волти, а за најголемиот погон на сите четири тркала. Дизелите својата територија цврсто ќе ја држат со три верзии од 115, 150 и 200 KS, а се најавува и plug-in хибридна Octavia iV со 204 односно 245 KS.

Škoda Octavia ќе биде претставена на 11 ноември во Прага, истовремено со одбележувањето на 60-годишницата на појавувањето на првата Octavia. Од нејзините современи четири генерации се продадени повеќе од 6,5 милиони примероци.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER