Scala Spider » Седмо дело на студентите на Škoda (со видео)

Седмо дело на студентите на Škoda

Објавено на 22 март 2020 година

И во овие тешки времиња студентите на Škoda не престануваат да ја изразуваат својата креативност. Нивното седмо дело ќе биде отворена верзија на Scala, која засега го носи неофицијалното име Spider што само по себе кажува какви линии му замислија тие на компактниот хечбек. Од краткото видео и единствената објавена скица се гледа дека задниот има добиено сосема поинаков изглед со кој Scala се претвора во вистински родстер. Концептот ќе има две врати и централно поставена издувна цевка, а предниот дел во голема мерка ќе го задржи сегашниот дизајн. Истото треба да се случи и со внатрешноста, но колку ќе дознаеме во јуни за кога е закажано претставувањето.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER